Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖИТЕЛ НА ХАВАИ: Поминав околу три часа во водата пред да ме спасат

ЖИТЕЛ НА ХАВАИ: Поминав околу три часа во водата пред да ме спасат

Пожари беснеат на Хаваите, а жителот Идрис Нуара, еден од преживеаните во пожарот во Лахаина, рече дека полицијата му рекла да „скокне во океанот“ за да се спаси од огнот. 

„Слушнавме врескање како во хорор филм. Не знаевме што се случува. Слушавме луѓе како повраќаат, но не видовме, чад имаше насекаде. Трипати повикав полиција. Кога конечно ми се јавија ми рекоа дека не можат да дојдат и дека морам да скокнам во океанот. Ги прашав: „Дали сакате да скокнам во океанот додека надвор има ураган?“ Поминав околу три часа во водата пред да ме спасат“, рече Нуара.

Во пожари во туристичкиот град Лахаина на хавајскиот остров Мауи загинаа најмалку 55 луѓе, а градот буквално изгоре. Бројот на загинати во една од најголемите катастрофи кои ги погодиле САД, најверојатно ќе расте. Инаку, скоро 15.000 туристи заминаа од Хаваите. 

Слично

Поврзани вести