ЅИРНЕТЕ ВО ТАЈНИТЕ НА ЦИА: 12 милиони странски шпиунски документи кои се собирани со децении
Централната разузнавачка агенција објави повеќе од 12 милиони страници документи на својот интернет сајт кои претходно беа јавно достапни само во Националниот архив во Мериленд, соопшти ЦИА.
Се додава дека колекцијата покрива рана историја на агенцијата, како проекти на тунелот под Берлинскиот ѕид, студената војна, виетнамските и корејски судири.
Таа исто така се занимава со широки економски и воени прашања ширум светот како и прашања за тероризам.
CREST collection covers myriad topics, such as early CIA #history, #ColdWar, #Vietnam, #BerlinTunnel project, #KoreanWar & the #U2#HISTINT
— CIA (@CIA) January 17, 2017
„Најголемата јавна колекција евиденции на ЦИА сега е достапна и на интернет. Овие документи биле претходно достапни во јавноста во Националниот архив во Мериленд. Околу 930 000 документи, со повеќе од 12 милиони страници, сега се достапни во електронската библиотека на ЦИА“, пишува во соопштението.
Документите можете да ги разгледате овде.
