Зимбабве може да стане првата држава со целосно виртуелна валута
Зимбабве дефинитивно не е меѓу првите земји кои ви доаѓаат на ум кога зборуваме за дигитална револуција. Во исто време, сепак, земјата може да биде првата која целосно ќе премине на виртуелната валута.
Идејата е на Стриве Масијава , најбогатиот човек во Зимбабве и творец на телекомуникациската компанија Econet. Според него, технологијата EcoCash работи и секој трет Зимбабвиец ја користи за да ги изврши своите плаќања. Трансакциите надмина 200 милиони долари месечно.
Преку интернет страницата на иновативната компанија, клиентите имаат пристап до своите он-лајн сметки и можат да прават какви сакаат финансиски трансакции. Овој успех го амбицира бизнисменот да сонува дека неговиот систем еден ден ќе претставува единствената валута на Зимбабве .
„EcoCash е стратешкиот одговор на предизвиците на земјата" , тврди Дарлингтон Мандивенга , извршен директор на компанијата, пренесува Си-Ен-Ен.
Од 2009 година, Зимбабве се соочува со неверојатна инфлација, а нејзината валута е толку слаба, што плаќања се вршат главно во американски долари. Големо значење има и размената, така што мастики и цигари често влегуваат во улогата на ситни банкноти.
А.А.

Слично