ЗИМАТА НЕ БИРА: Украина ги прашува Русите за гас
Украина е подготвена да им се приклучи на трилатералните преговори за прашања поврзани за гасот, на 9 декември во Брисел, соопшти укранската компанија Нафтогас.
„Нафтогас“ не прецизирал кој ќе учествува во преговорите за кои рускиот министер за енергетика Александар Новак изразил надеж дека ќе бидат одржани во првите 10 дена на декември, јави Ројтерс.
Украина не купува гас директно од Русија од ноември 2015, откако Киев ги прекина односите со Москва поради приспојувањето на Крим кон Русија и поддршка на Москва на проруските активисти на истокот од Украина.
Европската унија третина од гасот кој го користи го набавува од Русија, повеќе од половина од тој гас до земјите членки на ЕУ се допремува преку Украина, но откако односите помеѓу Русија и Украина се прекинати, зголемена е можноста да дојде до спор во врска со цената и други прашања.
Потпретседателот на ЕК Марош Шефовиќ посредува помеѓу Русија и Украина во спорот околу гасот, обидувајќи се да го намали ризикот од прекин на снабдевање на Европа со гас, посебно во зимскиот период.
Тој минатата недела најави дека руски и украински претставници би можеле да се состанат оваа недела за да разговараат за испораките на гас.
