Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗИМАТА И СНЕГОТ ПРИСТИГНУВААТ ВО ЕВРОПА: Попоски вели дека североистокот и истокот ќе бидат зафатени од првиот студен бран, а еве какво ќе биде во Македонија

ЗИМАТА И СНЕГОТ ПРИСТИГНУВААТ ВО ЕВРОПА: Попоски вели дека североистокот и истокот ќе бидат зафатени од првиот студен бран, а еве какво ќе биде во Македонија

Земјите од североисточна, како и од источна европа на средината од седмицата ќе бидат зафатени од првото влијание на поларниот вртлог кој ќе донесе значително пониски температури на воздухот, но и снег. Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината, објави метеорологот Славчо Попоски.

„Температурите понекаде ќе се спуштаат и под нулата, но сепак овој бран ќе биде далеку од нашиот регион. 

Како што најавивме кај нас продолжува така нареченото “Мини лето”. Врнежи кај нас не се очекуваат.

Се на се, во следниот период ќе започне да се чувствува силата на зимата во делови од европскиот континент.

Од друга страна пак, западот од европа ќе биде многу потопол со невообичаено високи температури на воздухот“, вели тој.


Слично

Поврзани вести