Зимата доаѓа, Германија се мачи да обезбеди засолниште за бегалците
Во голем камп во германскиот град каде има бегалци, облечени со дебели џемпери, се седнати околу шпоретот и пушат цигари, додека надвор дождот истура врз тесниот, бел шатор, кој се претворил во нивен дом.
Некои од нив се болни и се загрижени дека ќе паѓа снег.
„Времето е толку ладно, и не можат дури и да излезат од шаторот“, изјавил Тахер, 25-годишен сириски земјоделец.
Со наближувањето на зимата властите френетично се мачат да најдат топли места за сместување на илјадниците бегалци, кои секојдневно се собираат во Германија.
Паднале во ќор-сокак, тие прибегнуваат кон спортските сали, младински хостели и празни згради. Овие можности сепак стануваат ограничени и се наметнува вметнувањето во употреба на план Б - подигнување на шатор кампови.
Иако температурите паѓаат истражувањето на весникот „Велт“ покажа дека 42 илјади бегалци се уште живеат во шатори.
Предизвикот да се најде соодветно засолниште станува едно од најголемите искушенија за Владата на канцеларката Ангела Меркел, која непрестано повторува упорно „Ќе се справиме“ додека зголемениот јавен скептицизам расте.
Нејзините советници се мачат да најдат решение за рекордниот прилив на мигранти, кој само оваа година може да надмине еден милион, и сметаат дека е можно зимата да биде пресуден фактор за мислењето на Германците дали кризата е минлива или не е.
„Безусловно, можеме да се справиме“, изјавил советникот, кој побарал анонимност. „Може сепак да се замисли и најлошото сценарио, со што во текот на зимата газат немири“.
Над половина милион бегалци и мигранти пристигнале по море во Грција оваа година, соопшти денеска Високиот комесаријат на ОН за бегалци. Овој број сепак постојано расте, а само во понеделникот пристигнале 8.000 луѓе.
Портпаролката на Комесаријатот Мелиса Флеминг соопштила дека 27 500 бегалци и мигранти се наоѓаат на грчките острови во близина на Турција и сакале да продолжат понатаму.
Од огромно значење е, како и во останатите делови на Европа, условите за прием да се соодветни. Без овој основен елемент на програмата за прераспределба на бегалците, договорена во Европа во септември, е во сериозна опасност и може да пропадне, предупреди портпаролката.
Мигрантите продолжуваат да се движат на север преку Балканот од Грција, но Унгарија ја затвори својата граница со Хрватска, а Словенија наложи дневни ограничувања на мигрантите кои влегуваат од Хрватска, оставајќи илјадници луѓе блокирани во студот и дождот на границите.
Словенија денеска изјавила дека ќе ја распореди армијата, за да им помогне за обезбедувањето на нејзината граница и повика на помош од земјите членки на ЕУ.

