Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Zidojče cajtung“ нема да ги објави сите податоци за офшор бизнисите

„Zidojče cajtung“ нема да ги објави сите податоци за офшор бизнисите

Германскиот весник „Zidojče cajtung“, кој прв дојде во посед на досиеја од панамската фирма „Мосак Фонсека“ за офшор бизниси, соопшти денес дека сепак нема да ги објави сите информации.

Уредништвото на минхенскиот весник наведува дека комплет од 11,5 милиони таканаречени „Панамски докумнети“ нема да и биде достапен на јавноста или правосудните органи.

Тие наведуваат дека властите имаат законски овластувања да конфискуваат такви документи од осомничените за малверзации, како и дека во повеќето случаи нема јавен интерес во објавување на офшор бизниси на компании или поединци.

Меѓународниот консорциум на истражувачки новинари, весникот „Zidojče cajtung“ и повеќе од 100 новинарски организации ширум светот дојдоа во посед на база со документи кои се појавија од една од водечките компании за основање на офшор компании „Мосак Фонсека“.

Германскиот весник дојде до овие документи преку инсајдер пред година дена.

Во документите се открива како помагале во перење пари, избегнување санкции и плаќање  на данок. Во тајните податоци, наводно, се споменуваат 72 сегашни или екс државни претставници, како и јавни личности, спортисти и други.

Слично

Поврзани вести