Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жртвите од земјотресот во Непал достигнаа 7.000 лица

Жртвите од земјотресот во Непал достигнаа 7.000 лица

Повеќе од 7.000 луѓе се жртви на катастрофалниот земјотрес од пред една недела во Непал. Ова се официјални бројки пријавени во локалниот Оперативен центар за вонредни ситуации.

Според податоците до сабота „бројот на жртвите е 7040 лица, а ранети се 14397“, соопшти телевизијата „CNN“, повикувајќи се на податоци на непалскиот центар.

Потсетуваме дека утрово бил почуствуван нов земјотрес, но овој пат со интензитет со 5 степени според Рихтер. Епицентарот се наоѓал на 93 километри северозападно од главниот град Катманду, на длабочина од 10 километри. Потресот е почувствуван во 11.20 часот по локално време. Сеуште не се добиени извештаи за жртвите и причинетата материјална штета.

Ситуацијата во земјата останува катастрофална. Близу 3 милиони народ живее на улица. Тие отвориле шатори под мостовите и тротоарите. Немаат бања, тоалет и вода.

УНИЦЕФ предупредува дека здравјето и благосостојбата на децата погодени од катастрофата, е во критична состојба - многумина останале без домови, во длабок шок и без пристап до основни грижи.

Со доаѓањето на сезоната на монсуните, по само неколку недели, децата ќе бидат изложени на зголемен ризик од болести како колера и диарини инфекции, и ќе да бидат повеќе ранливи и од заканата од лизгање на земјиштето и поплави.

„Земјотресот предизвика незамислива пропаст. Болниците се преполни, водата е ретка, луѓето спијат на отворено, и сеуште има потрупани тела под урнатините. Ситуацијата фаворизира за ширењето на болести“, изјавил Роунак Кан, замиеник претставник на УНИЦЕФ во Непал.

Слично

Поврзани вести