Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жртвите од земјотресот во Непал достигнаа 5 489 лица

Жртвите од земјотресот во Непал достигнаа 5 489 лица

Според податоците на локалните власти во Непал во земјотресот се повредени околу 10 000 луѓе на кои им е укажана медицинска помош, а загинатите се 5 489 до моментов.

Секундарните потреси во епицентарот на земјотресот продолжуваат, до сега се регистрирани повеќе од 102 потреси со јачина над 4 степени според Рихтеровата скала. Спасувачките операции во земјата продолжуваат, но се попречени поради поројните дождови во дел од земјата. Во оддалечените области непалската армија почна да слетува со хеликоптер за да укаже прва помош на повредените, а во спасувачките операции се мобилизирани 33 000 полицајци.

Хеликоптери досега спасиле околу 210 странци и локални цивили, блокирани во област северно од непалската престолнина. Втор француски авион со 20 тони хуманитарна помош и сто професионалци од тимот спасувачи пристигна во Катманду. Главна пречка на спасувачките операции се непроодните патишта, оштетени од лизгањето на земјиштето и пукнатини, кои го отежнуваат остварувањето до оддалечените области. 15-годишно момче беше спасено од урнатините на хотелот „Hilton“ во Катманду, откако беше затрупан по земјотресот во текот на шест дена.

Досега околу половина милион луѓе го напуштиле главниот град Катманду, поради загриженоста од повторни потреси и појава на епидемии. Протестите на граѓаните продолжуваат поради бавното темпо со кое им се пружа помош на настраданите. ОН повика да се собере помош за Непал во износ од 415 милиони долари во наредните месеци, ако сакаат да помогнат со обезбедување на засолништа, храна и вода.

Тулса Гаутам, началник на одделот за туризам на Непал, соопштил дека експедицијата до Монт Еверест ќе бидe обновенa до крајот на следната недела. Во подножјето на планината се вршат поправки на трасата за искачување, откако лавината, која уби 18 луѓе од базниот камп.

Слично

Поврзани вести