Економија, финансии, бизнис

Контакт

 Жртвите од рекордните температури во Пакистан достигнаа 780

 Жртвите од рекордните температури во Пакистан достигнаа 780
Финансиската престолнина на Пакистан Карачи продолжува да страда по четвртиот ден на рекордно високи температури, кои според податоците на здравствена организација им одзеле животот на 780 лица, соопшти „Ројтерс“.
Владата најавила викенди во градот во обид да ги натера луѓето да седат дома.Температурните рекорди се совпаѓаат со значителни прекини на снабдувањето на електрична енергија во светиот месец Рамазан, во кој муслиманите не јадат и не пијат во текот на денот. Многу од смртните случаи, се особено меѓу сиромашните и постарите луѓе, и се предизвикани од дехидрација.„Во изминатите четири дена жртвите од високите температури се речиси 800“, изјавил за „Ројтерс“ висок функционер на добротворната организација „Edhi Foundation“ Анвар Казми. „Планираме да ја прошириме мртовечницата на „Еди“, за да можеме да се справиме со такви ситуации во иднина“. Добротворната организација управува со систем од амбулантни возила и клиники, кои им помагаат за пополнување на недостатокот во пренатрупаните и лошо финансиран здравствен систем во градот, во кој живеат повеќе од 20 милиони луѓе. Многу од најбогатите луѓе во Карачи имаат сопствени генератори кои поддржуваат климатизацијата со системи, или се собираат во молови, во обид да ги надминат високите температури кои достигнаа 44 степени целзиусови во текот на викендот. Во средата ветер ги разлади деловите од градот, но дождовите, кои ги очекуваа дел од метеоролозите, така и не дојдоа. Многу од жителите на градот се лути на управувањето поради прекин на електричната енергија и лошата состојба на јавните болници, кои се грижат за многу луѓе кои добиле топлотни удари.

Слично

Поврзани вести