Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖИВОТ ПОСЛЕ НАФТА: Во Кувајт водата за гости поскапа!

ЖИВОТ ПОСЛЕ НАФТА: Во Кувајт водата за гости поскапа!

Кувајтскиот парламент донесе закон кој овозможува владата да ги зголеми надоместоците за струја и вода за странски компании и резиденти во таа земја.

Од поскапувањето ќе бидат исклучени граѓаните на државите во Персискиот залив.

Триесет и еден пратеник гласаа за овој закон, а 17 од нив биле против тоа, додека вториот и последен круг на гласање ќе се одржи за две недели, пренесе Франс Прес.

Пратениицте во почетокот го одбивале овој предлог закон, но подоцна го прифатиле, бидејќи се исклучени кувајтските државјани.

Ако овој законски акт добие финална поддршка во последниот круг на гласање, тоа ќе биде прв пат богатиот Кувајт со нафта да ја зголеми надокнадата за енергија.

Како и кај другите извозници на „црно злато“, приходите на Кувајт, зависен од нафта, се стопија, бидејќи цената на овој енергент падна за повеќе од 70 одсто од половината на 2014 година, кога беше на врвот.

Предлог законот предвидува зголемување на надоместот за струја во станбените згради во кои воглавно живеат странци, од сегашната минимална стапка од два филса (0,7 центи) за киловат постепено на 15 филси (пет центи) по коловат.

За комерцијална употреба, надоместите ќе бидат зголемени од два филса по киловат на 25 филса. Цената на водата исто така ќе биде повеќе од двојно зголемена.

Министерот за енергетика и водни ресурси Ахмад ал Јашар рекол во бурната расправа во парламентот дека владата плаќа околу 8,8 милијарди долари годишни субвенции за производство на струја и вода.

Ако не се преземе никаква акција, потрошувачката ќе се зголеми двојно до 2035 година, а субвенциите ќе пораснат до 25 милијарди долари, наведе тој и додаде дека целта на законот е да ја намали потрошувачката за повеќе од 30 одсто.

Владата исто така планира да ги зголеми високо субвенционираните цени на бензинот, еден од најефтините во светот.

Кувајт објави дека во минатата фискална година забележал буџетски дефицит од 20 милијарди долари, според привремените податоци, после 16 бериќетни години поради високите цени на нафтата.

Овој заливски емират е дом за 1,3 милијарди домашни граѓани и околу три милиони странци, наведува француската агенција.

Слично

Поврзани вести