Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ЖИВО) Украинската опозиција му дала 24-часовен ултиматум на Јанукович

(ЖИВО) Украинската опозиција му дала 24-часовен ултиматум на Јанукович
Опозициските лидери во Украина побараа од демонстрантите да се воздржат од судири со полицијата во следните 24 часа. Излегувајќи од средбата со украинскиот претседател, лидерот на опозицијата Арсениј Јаценјук соопшти дека на Виктор Јанукович му дале рок до утре навечер да одлучи дали ќе направи чекор за излез од политичката криза или ќе се соочи со бесот на народот. „Утре ќе одиме напред заедно. Па ако биде куршум в чело, тогаш нека биде куршум в чело, ама на храбар и чесен начин“, им се обрати Јаценјук на илјадниците демонстранти, кои се уште се на улиците на Киев. Јанукович денеска седна на прва средба со опозициските лидери Виталиј Кличко, Арсениј Јаценјук и Олег Тјагнибок по ескалацијата на тензиите, откако насилните протести ги однесоа и првите човечки жртви. Но, додека украинскиот претседател направи обид да прикаже конструктивност, премиерот Микола Азаров се уште јавно стои на цврстата линија, нарекувајќи ги демонстрантите „терористи кои мора да се казнат“ и порачувајќи им дека “жртвите во украинските протести одат на нивна совест“. Американската амбасада во Украина денеска ги отповика визите за патување во САД на повеќемина украински државјани. Имињата на оние кои се најдоа на „црната листа“ не се објавуваат, но Вашингтон потврдува оти се работи за „неколку Украинци поврзани со насилството“. Според информациите од украинското Обвинителство, во немирите во Украина до сега три лица го загубија животот - двајца како последица на истрел од огнено оружје и еден кој паднал од платформа на стадионот на Динамо Киев. http://www.youtube.com/watch?v=d1VxziWfibk  
Слично

Поврзани вести