Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ЖИВО) Украина подговена на најлошото – Кличко побара од жените и децата да се тргнат од плоштадот!

(ЖИВО) Украина подговена на најлошото – Кличко побара од жените и децата да се тргнат од плоштадот!
Најмалку девет лица се убиени во денешните жестоки немири во Киев, а меѓу нив и двајца полицајци, додека 150 лица се повредени. Судирите на демонстрантите и полицијата се уште траат - демонстрантите со камења и молотови коктели ги гаѓаат полицајците, а тие возвраќаат со палки и гумени куршуми. Но, според одредени информации во текот на денот во некои делови на градот имало и истрели од снајперски оган. Опозицискиот лидер Виталиј Кличко вечерва побара од жените и децата да го напуштат протестниот камп на централниот Плоштад на независноста во Киев.„Бараме од жените и децата да се повлечат, бидејќи не можеме да ја исклучиме можноста дека тие ќе го нападнат кампот во текот на ноќта“, рече Кличко. Тој денеска побара од украинскиот претседател Виктор Јанукович да ги повлече специјалните полициски сили „беркут“ и да дозволи смирување на ситуацијата, но без успех. Демонстрантите го нападнаа и седиштето на партијата на претседателот Јанукович. Протестите во Украина денеска жестоко ескалираа повторно по информациите дека украинската Влада размислува да ја прифати понудата на официјална Москва е подготвена да откупи две милијарди од украинскиот долг до крајот на неделава. За новите немири во Киев, Русија ги обвини западните политичари и европските земји, кои влечеле погрешни потези во Украина. Еве како е во Киев во моментов: http://www.youtube.com/watch?v=Y_LFrMcoEm4#t=1348253
Слично

Поврзани вести