Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ЖИВО) Ситуацијата во Украина излегува од контрола – најмалку две жртви!

(ЖИВО) Ситуацијата во Украина излегува од контрола – најмалку две жртви!
Најмалку две лица загинаа рано утрово на улиците на главниот град на Украина, Киев. Тоа се првите жртви во двомесечните протести во земјата против режимот на претседателот Виктор Јанукович и за поддршка на европската иднина на земјата. Еден од загинатите е 20-годишно момче кое било погодено од куршум во близина на зградата на украинскиот Парламент. Според првичните неофицијални информации, момчето било погодено од снајперски оган. Втората жртва е демонстрант кој паднал од столб на влезот на фудбалски стадион. Учесниците на протестите се искачувале на столбот за да фрлаат молотови коктели врз полицајците. Украинските власти потврдија дека на протестите има жртви. Но според премиерот Микола Азаров, „жртвите одат на совеста на организаторите и на учесниците на масовните немири“. Протестите во Украина беа мирни до минатата недела, а потоа ескалираа. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека ситуацијата во Киев излегува од контрола. Тој ги опиша судирите меѓу полицијата и демонстрантите како „страшни“ и ја обвини ЕУ дека „долева масло на огнот во Украина“. Од вчера во Украина на сила е и Законот за забрана на протести, но тоа не ги смири демонстрациите. Еве како е на улиците на Киев во овие моменти: http://www.youtube.com/watch?v=qLWH1JyDacQ  
Слично

Поврзани вести