(ЖИВО) Повторно горат улиците во Киев!
Нови тензии на улиците на украинскиот главен град Киев започнаа вечерва, кога припадници на полицијата започнаа со гумени куршуми да пукаат врз демонстрантите.
Учесниците на протестите шетаат низ улиците на градот, палат автомобилски гуми и тропаат со метални и дрвени палки, бидејќи сакаат украинските власти да ги чујат.
Ситуацијата во Киев и натаму е исклучително тензична, откако опозиционерите изразија незадоволство од потегот на украинскиот претседател Виктор Јанукович, кој вети единствено реконструкција на украинската Влада и амнестија за уапсените демонстранти.
Незадоволните граѓани остануваат на плоштадот во Киев и покрај исклучително ниските температури, кои вечерва се спуштија на -14 степени Целзиусови. Тензиите не се смирија ниту по посетата на еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Киев.
САД денеска ги предупредија своите државјани кои живеат или патуваат во Украина да ги избегнуваат локациите каде што има протести, демонстрации и големи собири. „Американските државјани чии престојувалишта или хотели се лоцирани во близина на протестите се советуваат да побараат друго сместување или да останат затворени и по неколку дена. Ситуацијата во Киев е непредвидлива и може многу брзо да се промени, а можни се уште насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите“, стои во предупредувањето.
http://www.youtube.com/watch?v=jrZcAsPKK74#t=990551
Слично
