(ЖИВО) Крајно неизвесна ноќ во Киев, војската доби дозвола да пука!
Неизвесна ноќ го очекува Киев, додека демонстрантите и натаму се обидуваат да ги одбранат позициите на Плоштадот на независноста. Украинската војска доби дозвола на употреби огнено ружје и да го ограничи движењето за да ги „неутрализира екстремистите меѓу демонстрантите“, соопшти украинското Министерство за одбрана.
Војската има право да употреби оружје во рамки на антитерористичката операција, како и право да го ограничи или забрани движењето со моторни возила и на минувачи, се наведува во соопштението. Војниците, исто така, имаат право да извршат проверки на идентитетот и да апсат извршители на „незаконски дејствија“.
Претходно, украинскиот претседател Виктор Јанукович денеска го разреши досегашниот началник на украинската армија генерал-полковник Володимир Замана, а на негово место го назначи досегашниот прв човек на украинската морнарица, адмиралот Јури Илјин.
Директна причина за ваквата смена не е наведена, но познато е дека Замана изрази отворено несогласување со Јанукович претходно кога тој сакаше да воведе вонредна состојба во земјата и нагласи дека армијата нема да ги напаѓа демонстрантите.
Јанукович денеска ги прогласи протестите во Киев за „обид за државен удар“, а специјалните полициски сили „беркут“ започнаа опсежна антитерористичка операција со образложение дека радикалните демонстранти успеале да украдат поголемо количество оружје и муниција.
Еве како е во Украина вечерва:
http://www.youtube.com/watch?v=Y_LFrMcoEm4
Слично
