Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ЖИВО) Горат улиците во Киев, Јанукович на средба со опозицијата

(ЖИВО) Горат улиците во Киев, Јанукович на средба со опозицијата
Украинскиот претседател Виктор Јанукович седна на иста маса со тројцата водечки лидери на опозицијата и со членовите на работната група за надминување на политичката криза во земјата. Ова е прва средба на опозициските лидери Виталиј Кличко, Арсениј Јаценјук и Олег Тјагнибок со шефот на државата по ескалацијата на тензиите. Сепак ситуацијата во Киев не се смирува. Незадовоните демонстранти од утрово се речиси во постојани судири со полицијата. Немирите особено се поттикнаа откако украинското Јавно обвинителство потврди дека во протестите загинале три лица, а полицијата за првпат употреби оклопни возила при разбивање на антивладините собири во главниот град. Украинскиот премиер Микола Азаров изјави дека „жртвите одат на совеста на организаторите и на учесниците на масовните немири“. http://www.youtube.com/watch?v=jrZcAsPKK74#t=695872 На немирите во Украина остро реагираше Европската унија која не ја исклучи можноста да воведе санкции кон земјата доколку ситуацијата не се смири.

Според претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, Унијата е шокирана од смртните случаи и осудувајќи ја употребата на сила, повика сите страни итно да го прекинат насилството.

„Ќе продолжиме внимателно да ја следиме состојбата и ќе разгледаме евентуални мерки на ЕУ и последици врз нашите односи со оваа држава“, нагласи Баросо.

Слично

Поврзани вести