Живее на товар на државата и воопшто не му е гајле
Семејство од пеколот. Британецот Рејмонд Хал е поранешен градежен работник кој не работел 10 години и живее на товар на државата. Брританците ги чинел преку милион фунти. Најмладиот син му има седум месеци, а најстарото дете 39 години. Неговите деца се убијци, крадци, а него не му е грижа за тоа.
Рејмонд, неодамна е уапсен за поседување марихуана, а судијата му изрекол пресуда од 18 месеци условна слобода, но неговата казна не можела д аостане неприметена...
Имено, пред тоа, имал 32 пресуди. Еден од неговите синови имал 18 години кога ја убил својата дадилка. Неговата ќерка Ријана се изјаснила за виновна за пијанство и пореметување на јавниот ред и мир на еден селски карневал. Овие деца се само мал дел од неговите вкупно 22 деца кои ги добил со 11 различни жени. Најмладиот Бери, се уште е бебе, додека неговото најстаро дете има 39 години.
„Јас само сакам деца. Јас сум најдобриот татко на светот“, порачува Рејмонд од домот финансиран од страна на државата.
И додека тој се колне на преданост кон децата, соседите го викаат Френг Галагер поради сличноста со ликот од популарната серија „Бесрамници“.
Бери е осудуван за поседување дрога, возење во пијана состојба, провала, напад на полицаец, напад на човек со клуч.... И неговите потомци имаат завиден број кривични пресуди. Покрај синот, осуден убиец, уште тројца се осудени на затворски казни поради грабежи, насилство, дилање дрога и заплашување на сведок. Затворот не е непознат ниту за мајките на неговите деца.
Поранешниот градежен работникне работел последните десет години, а даночните обврзници досега ги чинел повеќе од милион фунти, и како што вели, воопшто не му е гајле за тоа.
Медиумите пренесуваат како поранешните соседи на Рејмонд тврдат дека, освен што, додека живеел на трошок на државата во нивниот крај, возел БМВ, имал и караван, па дури и дабл декер автобус. Соседите тврдат дека и жените ги заведувал со скапи подароци, а нереетко им подарувал и автомобили.
Често се прашуваат: Од каде овој човек има пари и зошто државата се уште го издржува?
А.А.
Слично
