Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жителите на Хамбург не сакаат да бидат домаќини на Олимпијадата

Жителите на Хамбург не сакаат да бидат домаќини на Олимпијадата

Хамбург нема да се кандидира за домаќин на Летните олимписки игри во 2024 година. Тоа го одлучија жителите на градот со референдум, соопштија германскиде медиуми.

52% од жителите на Хамбург гласале против домаќинство на градот на летните олимписки игри во 2024 година. За биле 48,3 проценти.

Градоначалникот на Хамбург, Олаф Шолц коментирал дека неговата лична желба, а и таа на градските власти, била да се добие друг резултат од анкетата, но треба да се усогласат со желбата на граѓаните.

Противниците на одржувањето на Олимпијадата во градот се аргументираат со тоа што сакаат општината да се занимава со решавање на секојдневните проблеми на луѓето, а не со организирањето на огромни настани, кои ќе чинат скапо и ќе создадат непријатност на жителите.

Кандидатите за домаќинство на Олимпијадата 2024 остануваат четири града - Лос Анџелес, Рим, Париз и Будимпешта.

Слично

Поврзани вести