ЖЕСТОКО ПО ТЕРОРИСТИТЕ: Руски авиони уништиле рафинерија на Исламска држава кај Рака
Руски воени авиони уништиле објекти на Исламска држава за нелегално производство на нафта кај местото Тауре во близина на Рака во Сирија, соопшти во вторникот рускиот центар за примирје во таа земја.
Руските воздушни сили продолжуваат во Сирија да ги исполнуваат задачите како на ИС би и се нанел финансиски удар. Бомбардерите Су-34 уништиле објекти за нелегално производство на нафта кои се наоѓаат на околу 40 км оддалеченост од Рака“, се наведува во соопштението објавено на сајтот на руското министерство за одбрана.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/SputnikInt/status/737742549700448256?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Истовремено се истакнува дека сириската војска со помош на бунтовниците го одбила нападот на терористите на Нусра фронтот во близина на местото Мухејим Хандрат во провинцијата Алепо.
Слично
