Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жестоки судири во источните украински градови, има загинати и повредени!

Жестоки судири во источните украински градови, има загинати и повредени!
Опсежна антитерористичка операција започнаа украинските власти во источните градови на земјата, во обид да не дозволат и таму да се повтори кримското сценарио - отцепување и приклучување кон Русија. Според украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков, „во операцијата има мртви и повредени на двете страни“. Тој информираше дека загинал еден припадник на безбедносните сили во операциите во Славјанск, додека меѓу проруските сепаратисти имало неодреден број жртви. Најмалку 50 лица се повредени во директните судири на проруските и проукраинските приврзаници во Харков. Двете спротивставени страни одржувале митинзи на ист плоштад, а потоа меѓусебно се пресметале, гаѓајќи се со јајца, брашно и млеко, но потоа започнале и да се тепаат. Украинскиот претседател Александар Турчинов им даде рок на сепаратистите до 6 часот наутро да го предадат оружјето, во спротивно најави дека во источните градови ќе ја испрати и војската. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека одлуката на Турчинов да ја мобилизра војската е „криминална наредба“ и оти почетокот на граѓанската војна во Украина зависи од начинот на кој ќе се постават западните сојузници на Киев.  
Слично

Поврзани вести