Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Жешка“ линија: Путин и Обама 90 минути разговарале за Украина

„Жешка“ линија: Путин и Обама 90 минути разговарале за Украина
“Го кршите меѓународното право!“, му рекол американскиот претседател Барак Обама на неговиот руски колега Владимир Путин во телефонскиот разговор за можната руска интервенција во Украина. Разговорот траел час и половина, а Обама истакнал дека САД осудуваат секаква воена интервенција во Украина. На ова, рускиот претседател ги истакнал „провокативните, криминални акции на украинските ултранационалисти кои во суштина потекнуваат од сегашните власти во Киев“. Путин нагласил дека постои реална закан за животот и здравјето на руските граѓани и сонародници на украинска територија. „Ако насилството продолжи да се шири во источните делови на Украина и на Крим, Русија го задржува правото да ги заштити своите интереси, како и интересите на оние кои зборуваат руски, а живеат таму“, му возвратил Путин на Обама. На ова, американскиот претседател одговорил дека ако Русија се грижи за Русите во Украина тоа треба да го прави на мирољубив начин. НАТО за денеска свика итен вонреден состанок на амбасадорите на земјите-членки, на кој се очекува да се расправа за напнатоста во Украина. Потоа состанок ќе одржи и Советот НАТО-Украина. Во Киев денеска ќе отпатува шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, во својство на претставник на земјата-претседавач со ЕУ. Ќе му се придружи и британскиот колега Вилијам Хејг, а ќе остварат средба со новите украински власти. Ситуацијата во Украина и натаму е напната, особено на Кримскиот Полуостров, каде што руското население е мнозинство. Повеќе за тоа зошто Русија е подготвена на војна за Крим на следниот линк: Зошто Крим е толку важен за Русија што е подготвена да војува?
Слично

Поврзани вести