Жерон Дијселблум нов шеф на Еврогрупата
За нов шеф на Еврогрупата е избран холандскиот министер за финансии Жерон Дијселблум на местото на досегашниот премиер на Луксембург, Жан Клод Јункер.
Дијселблум кој го предводи одделот за финансии во неговата земја, ќе се соочи со најтешките светски финансиски задачи – со цел да им помогне на 17 земји членки на ЕУ кои го користат еврото како заедничка валута, да ја вратат финансиската стабилност.
Неговиот претходник Јункер, беше на чело на Еврогрупата осум години, а на вчерашниот состанок на министрите на еврозоната во Брисел, Дијселблум беше избран за негов наследник.
Слично
