Женска банка во Индија
Женска банка ќе се отвора во Индија за да се направи рамонотежа меѓу половите во оваа земја во која жената секогаш е под влијание на мажот.
Индискиот министер за финансии истакнал дека се издвоени 186 милиони долари за новата банка на која примарна задача и е да дава кредити на жени кои сакаат да почнат свој бизнис и во неа ќе работат само жени.
-Очекувам дека до крајот на 2013 година ќе успееме да си собереме сите банкарски лиценцни и ги повикуваме сите угледни членови на свеченото отварање“, изјавил министерот додека во индискиот парламент се презентирале буџетите за 2013 и 2014 година.
Овие “женски банки“ постојат и во други земји, во соседниот Пакистан е отворена во 1989, а во Танзанија жените добија своја банка пред четири години.
Министерот за финансии потенцирал дека оваа банка се отвара бидејќи во неколку наврати индиската влада не успеала да ги заштити жените. Најгрозоморниот чин се случи на 23 демеври, кога група насилнци силувала студентка во автобус. По две недели девојката почина од повредите.
Слично
