Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жените во Индија добија своја банка

Жените во Индија добија своја банка
По низата злочини врз индиските жени, а со цел зајакнување на финансиската безбедност, индијскиот премиер Манмохан Синг, ја отвори првата државна банка за жени во земјата. Премиерот ја отвори „Баратија махила банк“ индиската банка за жени во јужниот дел на Мумбаи, а отворањето на банката беше најавено уште во февруари, кога во Индија се случија низа насилства врз жените, пренесува агенцијата Франс прес. Оваа банка ќе се фокусира на кредитирањето на жени и главно ќе вработува жени, иако и мажите исто така ќе имаат можност да отворат сметка. Во овој момент, само 26 проценти од жените во Индија имаат банкарска сметка. „Тажната реалност е тоа што жените во Индија се соочени со дискриминација и проблеми во нивниот дом, во училиштата, на работното место и во јавноста. Нивното социјално, економско и политичко зајакнување се уште е недостижна цел“, изјави Синг. Новата „Баратија махила банк“, до јануари наредната година ќе има 25 екпозитури, а таа ќе биде водена од Уша Анантасубраманијан, поранешната извршна директорка на „Пенџаб Народна банка“.
Слично

Поврзани вести