Жените поактивни од мажите, Твитер стигна до 200 милиони членови
На социјалната мрежа Твитер има 200 милиони активни членови, кои најмалку еднаш месечно го посетуваат овој сајт, објави францускиот весник „Фигаро“, кој пишува уште и дека последната бројка, објавена во март, изнесувала 140 милиони корисници.
„Сепак, сите корисници не учествуваат на Твитер на ист начин. Повеќето, околу 40 отсто, само ги читаат пораките, додека останатите учествуваат, но на многу различно ниво“, истакна Кејти Стентон, задолжена за меѓународен развој во Твитер.
Според последните анализи, се утврдило и дека жените се поактивни и пишувале повеќе кратки пораки од мажите по отворањето профил на Твитер.
Слично
