Жените бегалки се принудени на проституција за 10 евра
Германија, земјата која се подготвува да прими околу милион бегалци забележува зголемено насилство во бегалските кампови.
Сексуалните напади таму се секојдневие, а регистрирани се и 100 случаи на насилство во последните три месеци, пишува британскиот Дејли меил.
Во областа Баер-Виртемберг неодамна беа регистрирани шест силувања во бегалските кампови.
Жените бегалки во Германија се принудувани на проституција за 10 евра во бегалските кампови, тврди локалната организација за човекови права.
Двајца мигранти на возраст од 38 и 52 години се уапсени поради напади врз жени во периодот од 1 до 10 октомври.
Во миграција центар во градот Кицинген локалните власти одлучија да назначуваат само мажи како чистачи, откако жените-чистачки во последните десет дена биле напаѓани.
