Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жени-борци од кои се плашат џихадистите во Ирак!

Жени-борци од кои се плашат џихадистите во Ирак!
Водечка улога во борбите против ирачките џихадисти се повеќе имаат жените-борци од редовите на Курдите, а често на првите борбени линии има и цели „женски“ борбени единици. Ирачките Курди, со поддршка од американските воздухопловни сили, успеаја да ја заземат клучната брана Мосул и да им зададат досега најголем удар на милитантите од Исламската држава. „Ако ја контролирате браната Мосул, во раката го имате поголемиот дел од Ирак можете да уценувате со поплава, струја или вода“, вели експертот Даниел Пајпс за Си-Ен-Ен. Браната Мосул тој затоа ја нарекува најопасна брана на светот. Во борбата против џихадистите САД им помагаат на Курдите, односно на Курдската работничка партија, која Американците ја квалификуваат како терористичка организација кога станува збор за судирите во Турција. Но, во Ирак тие станаа импресивна сила која единствена може да им се спротивстави на милитантите. Водечка улога во таа борба се повеќе имаат женските борци од редовите на Курдите, кои претставуваат сериозна закана за џихадистите кои никако не сакаат да војуваат против жени. Причината за ова лежи во нивното верување: ако те убие жена, нема да одиш во рајот.
Слично

Поврзани вести