Жена во Индија на 70 години стана мајка
Далиндер Каур(70) од Индија роди машко дете тешко 2.5 кг по две години лекување на клиника за плодност.
Татко на детето е нејзиниот 79-годишен сопруг со кого е во брак веќе 46 години. Жената верува дека „Бог ги слушнал нивните молитви“. Каур објаснува дека сега е полна со енергија и дека нејзиниот сопруг многу и помага околу бебето.
Таа не е единствена во нејзината земја, која станала мајка на овие години. Жена од Утар Прадеш во 2008 година роди близнаци на 72 години.
Слично
