Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жена самоубиец се разнесе во полициска станица во Истамбул

Жена самоубиец се разнесе во полициска станица во Истамбул
Најмалку двајца припадници на турските полициски сили се повредени, од кои едниот е во тешка здравствена состојба, при експлозија во полициска станица која ја активирала жена самоубиец во стариот дел на Истамбул, Султанахмет, пренесоа турските медиуми. Градоначалникот на Истамбул, Васап Сахин, изјавил дека жената влегла во полициската станица и на англиски јазик рекла дека го изгубила паричникот, по што се разнела и погинала, пренесуваат светските агенции. Сахин додал дека идентитетот и националноста на жената не се познати, како и дека во овој бомбашки напад потешко е повреден еден полициски службеник, а друг е полесно ранет. На медиумските снимки може да се види дека полицијата ја блокирала улицата на која се наоѓа нападнатата полициска станица, како и дека сообраќајот во ова подрачје е во прекин.
Слично

Поврзани вести