Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жена на 127 години почина во Мексико

Жена на 127 години почина во Мексико

Во Мексико починала жена на 127 години, пренесе „Ројтерс“.

Леандро Бекер, родена во северната држава Тамаулипас ​​на 31 август 1887 година починала во петокот во својот дом во Сапопан во западната држава Халиско.

Таа не е на списокот со највозрасните луѓе на светот, бидејќи не располагала со официјални документи, посочи Националниот систем за интегрален семеен развој.

Не се соопштува причината за нејзината смрт.

70-годишниот правнук Самуел Алвеар рекол дека едноставно престанала да дише.

Бекер често му раскажувала за мексиканската револуција од 1910 година прабаба му правела тортиљи за војниците и се сретнала со револуционерниот генерал Панчо Вилја.

Бекер имала пет деца, сите починати и 161 потомци.

Слично

Поврзани вести