Жена може да го наследи Далај Лама?!
Далај Лама денеска изјави дека негов наследник на позицијата тибетански духовен лидер би можело да биде жена, ако за тоа се создадат услови.
„Ако околностите се такви, така што жена Далај Лама да биде покорисна, тогаш автоматски ќе има жена на функцијата Далај Лама“, изјави актуелниот Далај Лама на конференција во Сиднеј на почетокот на десетдневната посета на Австралија.
Далај Лама кажа дека во биолошка смисла жените имаат поголем потенцијал. Жените се почувствителни во однос на другите.
„Во мојот случај татко ми беше лесно избувлив. Неколку пати ме има претепано. Но, мојата мајка беше прекрасна и сочувствителна“, изјави Далај Лама.
Слично
