(ВИДЕО) Бебе родено со половина череп, го прослави првиот роденден
Инспиративната приказна на Џексон Емет Бјул, детето кое се роди без дел од мозокот и черепот го обилоки светот. Џексон секојдневно им пркоси на сите предвидувања на докторите кои веруваа дека тој нема да ја преживее ни бременоста.
Кога гинекологот увидел дека има проблеми со развојот на бебето, на родителите им предложил да го абортираат бебето, бидејќи нема да преживее. Но, тие одбиле, а една година подоцна тие го слават првиот роденден на нивниот син.
„Беше многу емотивно. Се сеќавам дека го држев во рацете и ги слушав докторите како велат дека мојот син најверојатно нема никогаш да оди, никогаш да зборува, никогаш да знае кога е гладен и никогаш да гледа и слуша. Тие навистина не очекуваа дека ќе преживее“ – изјавил таткото во интервју за MailOnline.
Денес, тие живеат во надеж дека нивниот мал јунак ќе продолжи да се бори за својот живот. А, во меѓувреме семејството доби голема поддршка од сите страни на светот преку финансиски средства и инспиративни пораки.
Семејството на првиот роденден на нивниот син, објави и видео на кое се гледа како тоа зборува и оди.
[embed width="700" height="450" ]http://video.dailymail.co.uk/video/bc/rtmp_uds/1418450360/2015/09/26/1418450360_4511965113001_4511903983001.mp4[/embed]



