ЖЕЛБА ЗА БЕСМРТНОСТ: Руски научник го нашол лекот против стареење
Рускиот научник Анатолиј Броучков тврди дека го нашол лекот против стареење. Тој верува дека клучот на вечниот живот е во бактерија стара 3,5 милиони години која е пронајдена во Сибир.
Тој си ја инјектирал оваа бактерија во телото и тврди дека веќе се чувствува помладо и поздраво. Научникот тврди дека поради бактеријата тој не настинал веќе две години.
„Не станува збор за класичен тип на научен експерименти, па затоа не можам целосно да ги опишам ефектите. Сепак, забележав дека не сум настинал 2 години. Можеби има споредни ефекти, но за тоа ќе биде потребна специјална медицинска опрема за да се забележат", вели Броучков.
Бактеријата била пронајдена на т.н Мамут планина и во моментов се тестира на глувци.
„Оваа батерија во текот на целиот живот обезбедува активни биолошки супстанции кои го стимулираат имунолошкиот систем. Старите глувци стануваат поактивни, па дури и имаат младенчиња" тврди епидемиологот Виктор Черњавски.
Научниците се сигурни дека оваа бактерија има својства кои го стопираат процесот на стареење, но дополнитните истажувања треба да покажат како тоа да се искористи во полза на човекот.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?t=57&v=lv0_Cu0FcPA[/embed]