Жан-Клод Јункер сака заедничка европска армија!
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер повика за создавање на европското армија која ќе и парира на Русија, пишува „Welt am Sonntag“.
Според него на овој начин ЕУ ќе може да реагира на заканите спрема земјите членки на Унијата и кон соседните држави, да спроведе една заедничка надворешна политика и политика на безбедност, а исто така и да се носи со одговорноста на Европа за настаните во светот.
„На овој начин и Русија ќе добие сигнал дека „сериозно се однесуваме кон одбраната на вредностите на Европската унија“, ги цитира зборовите на Јункер весникот.
Весникот додава дека поддршка за ваквата идеја веќе искажал и претседателот на германската парламентарна комисија за надворешни работи Норберт Ротген, според кој времето за создавање на таква армија веќе настапило.
Норберт посочил дека европските држави трошат големи средства за одржување на национални армии и покрај тоа нивните воени можности остануваат недоволни да и се спротивстават на Русија.
