Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗГРАДИТЕ СЕ ОТПОРНИ: Руските власти го искоментираа силниот земјотрес

ЗГРАДИТЕ СЕ ОТПОРНИ: Руските власти го искоментираа силниот земјотрес

Од Кремљ по земјотресот со јачина од 8.8 степени кој се случи денеска рекоа дека се покажа дека зградите се отпорни. 

„Сите системи за предупредување беа активирани веднаш, а беше организирана евакуација на луѓето од областите од кои требаше да бидат евакуирани поради цунами. Генерално, зградите се покажаа отпорни на земјотрес. Фала му на Бога, нема жртви, па затоа технолошката подготвеност се докажа и беше на високо ниво“, нагласи портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков. 

Земјотрес со јачина од 8,8 степени по Рихтеровата скала го погоди полуостровот Камчатка на рускиот Далечен Исток, предизвикувајќи цунами и евакуации на Хаваите и низ Тихиот Океан. Земјотресот оштети згради и повреди неколку луѓе во Русија. 

„Денешниот земјотрес беше сериозен и најсилен во последните десет години“, напиша гувернерот на Камчатка на Телеграм. 

Руското министерство на истата платформа објави дека е оштетена градинка, но дека повеќето згради го издржале потресот.

Руските научници тврдат дека станува збор за најсилниот земјотрес во регионот од 1952 година.

Слично

Поврзани вести