Економија, финансии, бизнис

Контакт

Закана за бомба: Евакуиран облакодер во Мадрид во кој се сместени повеќе странски амабасади

Закана за бомба: Евакуиран облакодер во Мадрид во кој се сместени повеќе странски амабасади

Облакодер во Мадрид, во кој се сместени британската, канадската, холандската и австралиската амбасада, беше евакуирана поради закана од бомба, објавија шпанските власти, цитирани од светските агенции. 

"Добиена е закана за бомба. Постои евакуација, треба да работиме и да направиме проверки", додаваат уште од полицијата.

Евакуацијата се врши во четвртиот највисок облакодер во Шпанија - „Де Торе Еспасио“. Облакодерот се наоѓа во Пасео де ла Кастелеин во Мадрид и е 57-катна зграда со височина од 235 метри. На местото, пристигнаа служби за итни случаи, вклучувајќи ги и пожарникарите и националните и општинските полициски службеници. 
Националната полиција повикува секој што е сѐ уште во или во близина на зградата да ги следи инструкциите на безбедносниот персонал.

Слично

Поврзани вести