Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зголемување на производството во еврозоната – крај на рецесијата?!

Зголемување на производството во еврозоната – крај на рецесијата?!

Според извештајот на лондонски „Markit“ активностите во производниот сектор на еврозоната во јули пораснаа прв пат во две години, како резултат на зголемување на производството во фабриките, сугерирајќи на можно излегување на еврозоната од рецесија во ова тромесечје.

Индексот на менаџери на набавка (PMI) во производниот сектор на еврозоната, што го изработува „Markit“ зголемен е на 50,3 поени во јули, од јунските 48,8 поени. Со тоа за прв пат од јули 2011 година ја надмина границата од 50 поени, која го дели растот од падот на активностите. Соодветниот индекс на производство во фабриките скокна на 52,3 поени, од 49,8 поени во јуни. „Се надеваме дека тоа убаво го позиционира производниот сектор да пружи позитивен придонес во податоците за БДП-то во третото тромесечје и да и помогне на еврозоната да излезе од рецесија“, изјави Роб Добсон, економист во „Markit“.

Слично

Поврзани вести