ЗГОЛЕМЕНИ МЕРКИ НА БЕЗБЕДНОСТ: САД воведува визи за државјани од 38 земји!
На листата се и Белгија и Франција, на чии државјани досега не им била потребна виза да влезат во Америка.
Одлуката за заострување на визниот режим ја донел Претставничкиот дом на американскиот Конгрес и тоа со големо мнозинство и тоа е втората значајна мерки во врска со безбедносните прописи кои тој дом ги усвоил после нападот во Париз од 13 ноември, пренесува Ројтерс.
Пратениците одлуката ја усвоиле со 407 гласови за и 19 против.
Визите се потребни и за секој кој во изминатите пет години престојувал во Ирак или Сирија, пренесе АП.
Белгија и Франција, земјите од кои се повеќето напаѓачи на париските напади, се наоѓаат меѓу 38 земји на кои претходно не им беа потребни визи за во САД.
Слично
