Зголемена ценовната инфлација на Велика Британија
Ценовната инфлација во Велика Британија минатиот месец е зголемена и сега изнесува 2,8 отсто, најмногу поради поскапувањето на енергијата и посебно на бензинот и дизел горивото, соопшти денеска државното Биро за статистика.
Минимален пад на инфлацијата е забележан кај цените во трговијата на мало, која од јануарските 3,3 отсто во февруари е намалена на 3,2 отсто.
Ваквото движење, сепак, не влијае на вкупната инфлација во земјата која веќе подолго време се одржува на 2,7 отсто. Тоа е повеќе од определеното ниво на Банката на Англија, која ја има улогата на ценрална банка во Велика Британија, како и на британската Влада, според чии проценки вкупната инфлација не требаше да биде повисока од два отсто.
Експерите сепак се задоволни, затоа што сегашното ниво на инфлација е речиси двојно помало од највисокото ниво, постигнато по банкараската и финансиската криза, од 5,2 отсто. Заслуга за тоа имаа стотината милијарди фунти „свежи пари“ уфрлени на британскиот пазар, како и одржувањето на рекордно ниската основна камата од 0,5 отсто веќе неколку години.
