Зголемена прогнозата за економскиот раст во ЕУ
Еуростат минатиот месец економскиот раст во ЕУ во текот на вториот квартал, во споредба со претходниот квартал, го процени на 0,3 проценти и истакна дека економскиот и политичкиот блок излезе од рецесија.
Проценка на економскиот раст за 17 земји во еврозоната во вториот квартал остана иста како и минатиот месец - 0,3 отсто, се вели во извештајот на АП.
Агенцијата, исто така, најави дека на годишна основа во текот на кварталот економска активност во ЕУ била пониска 0,7 отсто, а на ниво на еврозоната за половина процент.
Повеќето земји на ЕУ и на еврозоната, патем, во текот на целата мината година и првите месеци од оваа беа во рецесија, а некои од нив, како што е, на пример, најзадолжената Грција, се уште имаат драстичен пад во производството, побарувачката на потрошувачите и вработување.
Анализа на Еуростат за економска активност во ЕУ во текот на вториот квартал e направенa инаку za 27-те члинки на групата, бидејки Хрватска стана дел од Унијата 1 јули и во почетокот на тековниот квартал.
Слично
