Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зголемена невработеноста во Чешка

Зголемена невработеноста во Чешка
Стапката на невработеност во Чешка, минатиот месец изнесувала 7,6 проценти и бележи мало зголемување во споредба со август кога изнесуваше 7,5 посто, јави дописникот на МИА од Прага. Според објавените информации на Министерството за труд и социјална политика, евидентирани се 557.058 лица кои бараат работа, од кои 541.847 се на возраст од 15-64 години, односно работоспособни кои можат веднаш да започнат со работа. Вкупниот број на невработени во септември е зголемен за 3.973 луѓе. На годишно ниво зголемувањето е за 63.890 лица.  
Слично

Поврзани вести