Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зголемена инфлацијата во еврозоната и ЕУ

Зголемена инфлацијата во еврозоната и ЕУ
Инфлацијата во еврозоната се зголеми до 0,9 % на годишна основа во ноември , во споредба со 0,7 % месец порано . Ова е уште значително под инфлација од 2,2 % во ноември месец минатата година. На месечна основа, инфлацијата била со негативна стапка од 0,1 % . Во 28-те земји членки на ЕУ инфлацијата се зголеми до 1% на годишна основа во ноември , на позадината на 0,9 % во октомври . Пред една година инфлацијата изнесувала 2,4 % . Со највисока негативна инфлација е Грција - со дефлација од 2,9% . Највисока инфлација е регистрирана во Естонија - 2,1 % , следена од Финска со 1,8 % и Германија со 1,6 % . Во споредба со октомври, инфлацијата се намалила во 11 од земјите членки на ЕУ и се зголемила во 13 .
Слично

Поврзани вести