Зголемен трговскиот суфицит на еврозоната во август
Еврозоната во август го зголеми трговскиот суфицит, кој е еден од главните показатели на растот на економијата, покажуваат податоците на европската служба за статистика, Еуростат.
Најновите податоци говорат дека еврозоната во август остварила трговски суфицит од 7,1 милијарди евра, што е значително повеќе во однос на 4,6 милијарди евра од истиот период минатата година.
Во меѓувреме, инфлацијата во еврозоната значително се намали во септември на 1,1 проценти од 1,3 проценти кои беа забележани во август, пренесува Франс прес.
Слично
