Зголемен профитот на „Дојче пост“
Нето профитот на германската поштенско-логистичка компанија Дојче пост ДХЛ во 2012 година е зголемен за 42,6 отсто, на 1,66 милијарди евра, во споредба со 1,16 милијарди евра во 2011 година. Како што соопшти компанијата, добивката пред данокот достигна 2,66 милијарди евра, што е за 9,4 отсто повеќе од претходната година, 2,43 милијарди евра. Приходите се зголемени за 5,1 отсто, на 55,51 милијарди евра, во однос на 52,83 милијарди во 2011 година. Околу 70 отсто од продажбата е реализирано на странски пазари, а приходот на компанијата од региони надвор од Германија пораснал за 7,2 отсто.
Слично
