Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зголемен бројот на егзекуции во Иран, Пакистан и Саудиска Арабија

Зголемен бројот на егзекуции во Иран, Пакистан и Саудиска Арабија

Бројот на егзекуции во светот лани се зголемил за 54% во споредба со 2014 година.

Овие податоци ги соопшти Меѓународната организација за заштита на човековите права Амнести Интернешнл. Алармантно е зголемен и бројот на егзекуции во Иран, Пакистан и Саудиска Арабија. Минатата година се егзекутирани најмалку 1.634 лица, а во 2014 година 1.061. Во овие бројки не се вклучени егзекуциите во Кина, каде информациите за ивршените смртни казни се државна тајна.

Генералниот секретар на АИ, Салил Шети  на прес-конефренција во Њујорк изјави дека според оценките на организацијата, во Кина се егзекутираат „толку луѓе, колку во останатиот дел од светот заедно“.

Тој додаде дека сега во Кина се преразгледуваат делата, кои се казнуваат со смртна казна и додаде дека има малку надеж дека бројот на егзекуциите во земјата може да се намали.

Во Иран лани се егзекутирани над  977 лица, од кои поголемиот дел од нив се осудени за криминални дела поврзани со дрога. Во светот над 20.000 луѓе во моментов очекуваат извршување на смртна казна.

Слично

Поврзани вести