Згасна весник кој го критикуваше Орбан
Згасна најголемиот весник во Унгарија – Nepszabadsag, а новинарите и опозицијата тврдат дека се работи за притисок од Владата.
Вработените сметаат дека тоа е “државен удар”, тие добиле известување откако биле запрени да влезат во канцеларијата во саботата. Сопствениците се правдаат дека станува збор за бизнис решение како резултат на падот на продажбата. Од Владата не го коментираа настанот. Изданието често го критикуваше премиерот, Виктор Орбан. Весникот се спротивстави на одржаниот референдум за бегалците од минатата недела. Владата на Орбан често беше обвинувана за користење на јавните медиуми како владин портпарол. Критичарите на Орбан велат дека многу од медиумите биле купени од неговите сојузници.
Слично
