Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗГАСНА ИНТЕРНЕТ ЅВЕЗДАТА ЧИМС, УГИНА КУЧЕТО ОД ПОЗНАТИТЕ „МИМС“: Се бореше со тешка болест последните неколку години

ЗГАСНА ИНТЕРНЕТ ЅВЕЗДАТА ЧИМС, УГИНА КУЧЕТО ОД ПОЗНАТИТЕ „МИМС“: Се бореше со тешка болест последните неколку години

Чимс, кучето кое е познато на Интернет и е ѕвезда на многу „мимс“, угина, потврдија неговите сопственици на социјалните мрежи.

12-годишното куче, чие вистинско име е Балце, припаѓа на расата Шиба Ину и се бореше во последните неколку месеци со рак на панкреасот.

„Бал Бол беше заспан на 18 август, во петокот наутро при неговата последна операција“, се наведува во пораката.

Сопствениците велат дека по таа операција сакале да му вклучат хемотерапија или друг третман, но дека „сега е доцна“.

Сопствениците на оваа интернет ѕвезда во прошталната порака ги замолија сите да не бидат тажни и „да се сеќаваат само на радоста што на многумина им ја донесе Чимс“.

„Не бидете тажни, сетете се на радоста што Балце му ја донесе на светот. Шиба Ину со тркалезното насмеано лице што не поврза сите нас, им помогна на многу луѓе за време на пандемијата и донесе многу радост на многумина. Сега неговата мисија е завршена“, се наведува во пораката.

„Веруваме дека слободно може да трча низ небото и да ужива во вкусниот оброк со своите нови пријатели. Тој ќе биде во нашите срца засекогаш. Се надевам дека ќе продолжи да ги радува сите во онлајн светот, тоа е нашето единствено скромно барање“, велат сопствениците.

Тие му се заблагодарија и на медицинскиот персонал кој го поддржуваше кучето за време на неговото боледување во изминатите шест месеци.


Слично

Поврзани вести