ЖЕСТОКИ СУДИРИ ВО УКРАИНА: Има загинати и ранети
Во источнa Украина во судири помеѓу армијата и проруските сепаратистички бунтовници денеска загинаа најмалку пет лица, меѓу кои четворица војници.
Украинската армија соопшти дека војниците загинале северно од Доњецк, престолнина на прогласената Доњецка народна република.
Ситуацијата се влошува. Новинска агенција блиска до сепаратистите пишува дека загинал и еден нивни борец.
Судири во истиот регион имаше и при крајот на ноември.
Во судирите на украинските и проруските сили загинаа повеќе од 10.000 лица од 2014 година. Пред две години беше потпишан договор за прекин на огнот, кој помогна судирите да се намалат, но не и целосно да прекинат.
Слично
