Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жестоки борби во повеќе градови, Русија извела 203 напади, а има и заробени руски војници

Жестоки борби во повеќе градови, Русија извела 203 напади, а има и заробени руски војници

Русија досега извршила 203 напади. 

Дека борбите се водат на скоро цела украинска територија соопштија од украинската полиција.  Украинската војска се бори со руските сили во близина на источниот град Суми. Некои руски војници се заробени. Се водат жестоки судири во регионите Суми, Харков, Херсон, Одеса и на воениот аеродром во близина на Киев.

Русија денеска започна воена офанзива во Украина, граѓаните во паника ја напуштаат земјата. Повеќе земји, меѓу кои и Хрватска се нуди да прифтаи бегалци. Има жртви меѓу војниците, а настрадаа и цивили. 

Руската армија рано утринава во 4.35 часот ја започна инвазијата на Украина со лансирање тактички балистички ракети од типот Искандер од Белорусија и југоисточниот дел на Русија со синхронизирано дејство на крстаречки ракети истрелани од бродови и подморници во Црното Море.

Украинските единици долж линијата на фронтот со ДНР и ЛНР беа нападнати. 

Светот е во шок  поради она што се случува во Украина. 

Слично

Поврзани вести